Бесплатна еднодневна екскурзија на 1 јуни за посета на Вевчани организира компанијата „Еуролинк осигурување“ во рамки на активноста „Мапа на културата“, која шеста година по ред е дел од платформата за корпоративна општествена одговорност, „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на македонскат акултура, уметност и образование.
Вевчани, под падините на планината Јабланица, надалеку познато по Вевчанскиот карневал и уникатните Вевчански извори, изобилува со неверојатната природна убавина и плени со својата автентична архитектура.
„Целодневната прошетка претставува уникатна можност учесниците да се запознаат со убавините на селото Вевчани и да ги слушнат преданијата од искусниот водич за тоа како настанало ова надалеку прочуено село“, велат од компанијата.
Пријавувањето, без разлика на возраста почнува од денес, на е-поштата: [email protected], со име и презиме, возраст и контакт телефон.
На екскурзијата ќе учествуваат првите 150 пријавени кандидати, кои ќе бидат телефонски известени. Поаѓањето е на 1 јуни (сабота) во 7:30 часот, на паркингот кај Дрво декор. Сите трошоци за организацијата ги покрива „Еуролинк осигурување“.
Во изминатите шест години за време на „Мапа на културата“ беа организирани посети на Стоби, Хераклеја, Битола, Бигорскиот манастир, Галичник и Лесновскиот манастир.