БЕТМЕН И ДИЛАН ДОГ СЕ ОБЕДИНИЈА ВО ИСТ СТРИП

    БЕТМЕН И ДИЛАН ДОГ СЕ ОБЕДИНИЈА ВО ИСТ СТРИППрвиот број на „Бетмен и Дилан Дог“ ќе излезе на 30 октомври

    Бетмен и Дилан Дог ќе бидат јунаци на ист стрип во рамките на соработката на „Ди-Си комикс“ и легендарниот италијански издавач „Серџо Бонели“, кои лани најавија серија заеднички проекти.

    Тој ќе биде промовиран на 30 октомври на традиционалната конвенција „Луча комикс и гејмс“ во италијанскиот град Луча, а во стрипот ќе се појават и нивните најголеми противници Ксабарас и Џокер. Нултото издание на „Бетмен и Дилан Дог“, насловено „Опасни врски“, е направено по сценарио на Роберто Рекиони.

    Оригиналната идеја била да се спојат Флеш и Загор, за на крајот изборот да падне на два помрачни лика, Бетмен и Дилан Дог.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира