БОГАТСТВОТО НА ОСНОВАЧОТ НА „АМАЗОН“ ЏЕФ БЕЗОС ЗА 5 ДЕНА ПОРАСНА ЗА 6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    БОГАТСТВОТО НА ОСНОВАЧОТ НА „АМАЗОН“ ЏЕФ БЕЗОС ЗА 5 ДЕНА ПОРАСНА ЗА 6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИНеговото богатство продолжи да расте, откако вредноста на акциите на „Амазон“ скокна за 56% минатата година. - Џеф Безос (Фото: Гети)

    Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, заработил 6,1 милијарда долари во првите пет работни дена од 2018 година, со што неговото вкупно богатство порасна на 105 милијарди, според индексот на милијардерите на „Блумберг“.

    Богатството на Безос продолжи да расте, откако вредноста на акциите на „Амазон“ скокна за 56% минатата година, како и за дополнителни 6,6% од почетокот на новата година. „Амазон“ продолжи да доминираа во онлајн купувањето и ланскиот сајбер понеделник, што следува по црниот петок, бил најголемиот шопинг ден во неговата историја.

    Колку за споредба, годишен приход на просечен Американец изнесува 73.000 долари, а просечна животна заработка на некој кој завршил факултет е два милиони.

    Според „Блумберг“, Бил Гејтс никогаш не бил толку богат како Безос. Неговото сегашно богатство се проценува на 93,3 милијарди долари, но Гејтс во последните 20 години има донирано околу 60 милијарди долари во хуманитарни цели.

    Други милијардери кои имаат заработено голема сума оваа година:

    • Марк Закерберг (Фејсбук): 4,7 милијарди долари (вкупно 77,5)
    • Лари Пејџ (Гугл): 2,6 (54,9)
    • Сергеј Брин (Гугл): 2,4 (53,5)
    • Ворен Бафет (Беркшир Хатавеј): 1,8 (87,2).
    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира