БОРИС ЏОНСОН И СОПРУГАТА КЕРИ ДОБИЈА ЌЕРКА

    БОРИС ЏОНСОН И СОПРУГАТА КЕРИ ДОБИЈА ЌЕРКАБорис и Кери Џонсон веќе се родители на синот Вилфред (Фото: Гети)

    Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери објавија дека утрово добиле ќерка.

    „И мајката и бебето се добро“, изјави портпаролката на двојката.

    Борис и Кери Џонсон се венчаа во мај годинава на мала црковна церемонија, која претходно не беше најавена. Тие го добија синот Вилфред во април минатата година, набргу откако Џонсон го прележа ковид-19.

    Џонсон е третиот британски премиер во изминатите 20 години кој добил дете додека бил на функцијата. Тој има четири деца од бракот со адвокатката Марина Вилер, како и ќерка од вонбрачна врска, која сега има 11 години.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира