БРИТАНСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ 93-ГОДИШНА ЖЕНА ЗА ДА Ѝ ИСПОЛНИ ПОСЛЕДНА ЖЕЛБА

    БРИТАНСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ 93-ГОДИШНА ЖЕНА ЗА ДА Ѝ ИСПОЛНИ ПОСЛЕДНА ЖЕЛБАЏози Брдс вели дека уживала во „апсењето“ (Фото: ПА)

    Британската полиција уапси 93-годишна жена не затоа што сторила криминал, туку за да ѝ исполни последна желба.

    Во твитот што собра повеќе од илјада лајкови, Пем Смит ѝ се заблагодари на полицијата на Манчестер за гестот кон нејзината баба Џози Брдс.

    „Голема благодарност до полицијата што денеска ја ‘уапси‘ баба ми Џози. Таа има 93 години и нејзиното здравје е нарушено, па посака да биде уапсена за нешто пред да биде доцна. Таа има златно срце и навистина уживаше денеска“, напиша Смит.

    Ова не е прв „инцидент“ од ваков тип. Во март, ваква желба ѝ беше исполнета и на 104-годишничка од Бристол.

    „Полицијата на Манчестер направи многу среќна една стара госпоѓа. Таа е доста слаба и сакаше да направи нешто вакво додека има сила да ужива. Таа беше добра цел живот, па сакаше да искуси вакво нешто“, додаде Смит.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира