БРИТАНСКАТА ВЛАДА ОБЕЗБЕДИ 3.000 ВЛЕЗНИЦИ ЗА ЕВРОВИЗИЈА ЗА РАСЕЛЕНИТЕ УКРАИНЦИ

    БРИТАНСКАТА ВЛАДА ОБЕЗБЕДИ 3.000 ВЛЕЗНИЦИ ЗА ЕВРОВИЗИЈА ЗА РАСЕЛЕНИТЕ УКРАИНЦИ„Калуш оркестра“ ѝ донесе победа на Украина на Евровизија 2022. (Фото: АФП)

    Владата на Британија ќе им стави на располагање 3.000 влезници за Евровизија за раселените Украинци, откако нивната земја не можеше да биде домаќин на изборот поради руската инвазија што почна лани на 24 февруари. Владата ќе обезбеди и 10 милиони фунти за да помогне во одржувањето на Евровизија во мај во име на Украина, која лани победи на изборот и требаше да биде домаќин за 2023.

    „Денешното соопштение значи дека илјадници билети ќе им бидат понудени на раселените поради војна, за да можат да учествуваат во шоуто во чест на нивната татковина, нивната култура и нивната музика“, рече британската министерка за култура Луси Фрејзер.

    Англискиот град Ливерпул ќе биде домаќин на Евровизија оваа година.

    „Калуш оркестра“ ѝ донесе победа на Украина на Евровизија 2022 со песната „Стефанија“, со што земјата доби со право да биде домаќин во 2023, но поради војната организацијата ја резеде Велика Британија оти Британецот Сем Рајдер беше на второто место.

    „Би-Би-Си“ ќе го организира Евросонг, што вообичаено привлекува телевизиска публика од над 200 милиони гледачи, а последен пат се одржа во Британија во 1998.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира