БРОЈОТ НА ЧЛЕНОВИ ВО БИБЛИОТЕКАТА ВО БИТОЛСКАТА ГИМНАЗИЈА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОГОЛЕМ ОТИ СИТЕ ЧЛЕНУВААТ, ВЕЛИ БИБЛИОТЕКАРОТ НА ГОДИНАТА ДРАГАН РИСТЕВСКИ

    БРОЈОТ НА ЧЛЕНОВИ ВО БИБЛИОТЕКАТА ВО БИТОЛСКАТА ГИМНАЗИЈА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОГОЛЕМ ОТИ СИТЕ ЧЛЕНУВААТ, ВЕЛИ БИБЛИОТЕКАРОТ НА ГОДИНАТА ДРАГАН РИСТЕВСКИ„Не е сѐ во читањето туку во комуникацијата, советите“, вели Ристевски. (Фото: СДК.МК)

    Во времиња кога младите сѐ помалку читаат книги, Драган Ристевски, библиотекар во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола успеа да им ја доближи книгата на гимназијалците. Ристевски и библиотеката се добитници на признанието „Библиотека на годината за 2022 година“ во категорија средни училишта во државата што ја доделува Библиотекарското здружение на Македонија. Ќе му биде врачена на 7 декември, во Скопје.

    „Библиотеката беше само средство за да направам многу за учениците, за да ги мотивирам да читаат повеќе, да доаѓаат в библиотека. Начинот на кој го постигнав тоа беше многу разнолик. Повеќе десетици изложби на ликовни теми поврзани со книгата, повеќе промоции, меѓу кои и на поранешниот амбасадор на Словенија Милан Јазбец, ликовна изложба на академикот Васко Ташковски, промоции на книги на наши битолски автори, изложби по разни поводи. Но, пред сè, добар однос кон учениците. И сè со цел доближување на книгата кон гимназијалците. Тие ми беа голем мотив“, вели Ристевски.

    За бројот на членови во училишната библиотека вели дека не може да се зголеми зашто сите ученици членуваат по своја волја.

    Гимназиската библиотека, за која многумина ќе се сложат дека е едно од најубавите катчиња во училиштето, располага со фонд од 21.000 книги. (Фото: СДК.МК)

    „Библиотеката стана престижно место за децата да престојуваат во неа, да поразговараме. Не е сѐво читањето туку во комуникацијата, советите“, додава Ристевски.

    Тој годинава заминува во пензија, а за време на неговото работење како библиотекар, поранешни ученици, професори и директори ги донираа своите семејни библиотеки во училиштето. Меѓу нив 1.500 книги од поранешниот директор на училиштето Душко Алексовски, како и 1.500 книги од академикот Анте Поповски.

    „Библиотеката беше само средство за да направам многу за учениците, за да ги мотивирам да читаат повеќе, да доаѓаат в библиотека., вели Ристевски. (Фото: СДК.МК)

    Гимназиската библиотека, за која многумина ќе се сложат дека е едно од најубавите катчиња во училиштето, располага со фонд од 21.000 книги. Една од најстарите и раритетни книги во училишните библиотеки во Битола датира од пред 267 години.

    Тоа е филозофскиот есеј на француски јазик „Расправа за потеклото и основите на нееднаквост меѓу луѓето“ од филозофот Жан-Жак Русо, објавен 1755 во Амстердам, Холандија.

    Денес се чува во витрините на школската библиотека во „Јосип Броз Тито“, која од средните училишта има еден од најбогатите книжни фондови.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира