БРУС СПРИНГСТИН УАПСЕН ЗАШТО ВОЗЕЛ ПИЈАН

    БРУС СПРИНГСТИН УАПСЕН ЗАШТО ВОЗЕЛ ПИЈАНСпрингстин треба да се појави на суд во наредните недели (Фото: Ројтерс)

    Брус Спрингстин бил уапсен во Њу Џерси пред три месеци и обвинет за возење во пијана состојба, потврдија официјални лица. Тој треба да се појави на суд во наредните неколку недели.

    Седумдесет и едногодишниот рок ветеран претходно бил фатен како пие алкохол во национален парк, чија портпаролка изјави дека тој соработувал со нив. Апсењето на Спрингстин уследило неколку недели по излегувањето на неговиот 20. албум „Писмо за тебе“.

    Спрингстин неодамна сними реклама за „Џип“, што беше емитувана за време на Супербоул. Таа во меѓувреме била отстранета од Јутјуб каналот на „Џип“. Тој исто така настапи на музичкиот настан по повод инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира