ДАНСКИ МУЗЕЈ МУ ДАЛ 84 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ НА УМЕТНИК ЗА ДЕЛО, ТОЈ ИМ ВРАТИЛ БЕЛИ ПЛАТНА НАСЛОВЕНИ „ЗЕМИ ГИ ПАРИТЕ И БЕГАЈ’

    ДАНСКИ МУЗЕЈ МУ ДАЛ 84 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ НА УМЕТНИК ЗА ДЕЛО, ТОЈ ИМ ВРАТИЛ БЕЛИ ПЛАТНА НАСЛОВЕНИ „ЗЕМИ ГИ ПАРИТЕ И БЕГАЈ’За потребите на новата изложба во Музејот, Ханинг требало да ги исполни рамките со пари. Но, ги донел празни. (Фото: Си-Би-Ес )

    Данскиот уметник Јенс Ханинг добил 84 илјади долари од музеј да создаде дело, и тој им дал две празни платна, насловени „Земи ги парите и бегај“. Уметничкото дело е нарачка на Музејот на модерна уметност Кунстен во Алборг.

    Музејот побарал од Ханинг повторно да создаде две негови дела од 2007 и 2010 година, насловени „Просечен австриски годишен приход“ и „Просечен дански годишен приход“. На двете дела имало вистински пари со цел да ги претстави годишните приходи на двете земји.

    Директорот на Музејот, Ласе Андерсон вели дека уметникот ги добил парите банкноти за да ги искористи во уметничката креација. Според договорот, Музејот требало да му даде и дополнителни 6 илјади евра доколку му се потребни, за да го надогради делото.
    За потребите на новата изложба во Музејот, Ханинг требало да ги исполни рамките со пари. Но, ги донел празни.

    „Исто така имавме договор дека 84-те илјади долари кои ќе бидат изложени, не се негови и дека мора да бидат вратени до 16 јануари 2022. Кураторот доби мејл во кој Ханинг вели дека создал ново уметничко дело и го променил називот во ‘Земи ги парите и бегај’. Потоа, утврдивме дека парите не се дел од делото. Вработените беа многу изненадени кога ги отворија сандаците“, вели директорот.

    Кога тој лично го видел делото, многу се смеел.

    „Јенс е познат по неговата концептуална и артистичка работа со доза на хумор. И токму тоа ни го даде, но и еден  повик за будење, бидејќи сите се прашуваат каде отидоа парите“, рече директорот.

    Уметникот вели дека идејата му била да покаже како платите може да се искористат за да се измери вредноста на работата и да се покажат разликите меѓу државите во рамките на Европската Унија.

    „Сите сакаат да имаат повеќе пари. Во нашето општество, работните функции различно се оценуваат. Во суштина, уметничкото дело е за работните услови на еден уметник“, вели тој, додавајќи дека Музејот сепак добил ново и интересно дело, иако не се договориле така.

    Што се однесува до сумата од 84 илјади долари, технички тој сѐ уште го нема прекршено договорот, со огледа на тоа дека треба да бидат вратени до 16 јануари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира