Британскиот весник „Дејли мејл“ се согласи да ѝ плати отштета на првата дама на САД за објавениот текст за нејзината кариера како проститутка. Весникот го објави текстот за време на изборната кампања во САД минатата година, кога имаше објавено дека Меланија Трамп работела како ескорт, но подоцна го повлече текстот.
Меланија Трамп ги прифати оштетата и извинувањето од весникот на Лондонскиот суд. Таа поднесе тужба во февруари, барајќи отштета во вредност од 150 милиони долари. Сумата која била прифатена од првата дама не беше откриена на судница.
Меѓутоа, новинската агенција „Ројтерс објави дека договорот вреди помалку од 3 милиони долари, вклучувајќи ги правните трошоци, повикувајќи се на еден извор, добро запознаен со случајот.
Во извинувањето, „Дејли мејл“ призна дека имаше објавено „наводи дека Трамп нудела услуги покрај работата како моделка.“
„Прифаќаме дека овие наводи за првата дама не се точни“, велат од весникот.
Адвокатот на Трамп кажа на Лондонскиот суд дека наводите „удираат во срцето на личниот идентитет и достоинство на тужителот“.