ДЕНЕСКА ОБЛЕЧЕТЕ ШАРЕНИ ЧОРАПИ ВО СОЛИДАРНОСТ СО ЛУЃЕТО СО ДАУНОВ СИНДРОМ

    ДЕНЕСКА ОБЛЕЧЕТЕ ШАРЕНИ ЧОРАПИ ВО СОЛИДАРНОСТ СО ЛУЃЕТО СО ДАУНОВ СИНДРОМИницијативата за носење шарени чорапи на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром е со цел да ги поттикне луѓето да почнат да зборуваат за различности, уникатност, вклучување и прифаќање. (Фото: СДК.МК)

    По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром 21 март, денеска се носат шарени чорапи и ноктите се лакираат во различни бои за да се покаже солидарност со лицата со Даунов синдром и истовремено да се подигне свеста на јавноста за односот кон луѓето со Даунов синдром.

    Иницијативата да се носат шарени чорапи на овој ден започнала од организацијата наречена „Даун Синдром Интернешнл“ за да ги поттикне луѓето да почнат да зборуваат за различности, уникатност, вклучување и прифаќање.

    Веб страната на „Даунов синдром Шкотска“ сугерира дека хромозомите изгледаат како чорапи и оттаму е идејата за кампањата „Многу чорапи“ во чест на луѓето со Даунов синдром кои имаат еден хромозом повеќе.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира