ЏЕЈН ФОНДА ОБЈАВИ ДЕКА СЕ ЛЕКУВА ОД РАК

    ЏЕЈН ФОНДА ОБЈАВИ ДЕКА СЕ ЛЕКУВА ОД РАКФонда ќе оди на хемотерапија шест месеци, но нема да прекине со својот климатски активизам (Фото: АП)

    Холивудската легенда Џејн Фонда објави дека има рак и дека оди на хемотерапија. Во објава на Инстаграм, 84-годишната Фонда кажа дека ѝ е дијагностициран нехоџкинов лимфом.

    Овој вид на рак се лекува, така што имам среќа“, напиша Фонда.

    Таа истовремено ја искористи ситуацијата за да укаже на состојбата со здравствената грижа во САД.

    Среќна сум зашто имам здравствено осигурување и пристап до најдобрите лекари и третмани. Сфатив, што е болно, дека сум привилегирана поради тоа. Речиси секое семејство во Америка мора да се соочи со ракот во некој момент, а голем дел од нив нема пристап до квалитетна здравствена грижа и тоа не е во ред“, вели Фонда.

    Нехоџкинов лимфом е помалку вообичаен вид на рак кој се развива во лимфниот систем.

    Фонда, која има освоено два оскара, кажа дека ќе оди на хемотерапија шест месеци, но за тоа време нема да прекине со својот климатски активизам.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира