„ДИОР“ ДИЗАЈНИРАШЕ ФУСТАНИ СПОРЕД ЦРТЕЖИ НА 14-ГОДИШНА УЧЕНИЧКА УБИЕНА ВО МАСАКРОТ ВО БЕЛГРАД ЛАНИ

    „ДИОР“ ДИЗАЈНИРАШЕ ФУСТАНИ СПОРЕД ЦРТЕЖИ НА 14-ГОДИШНА УЧЕНИЧКА УБИЕНА ВО МАСАКРОТ ВО БЕЛГРАД ЛАНИНа Модната недела во Белград се одржа ревија во чест на Ангелина Аќимовиќ (Фото: принтскрин)

    Јелена Аќимовиќ не е манекенка, но таа вчера прошета по пистата за време на Модната недела во Белград, носејќи фустан што „Диор“ го дизајнирал според цртежите на нејзината 14-годишна сестра Ангелина, една од жртвите на ланскиот масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

    Ангелина Аќимовиќ била на час по историја кога нејзиниот соученик Коста Кецмановиќ влегол во школото со огнено оружје и убил девет деца и еден чувар.

    Овој фустан е бел и наликува на венчаница. Таа не живееше доволно долго за да ме види како невеста“, изјави Јелена пред ревијата.

    За да ѝ се оддаде почит на Ангелина, нејзините родители повикале модни креатори да направат фустани според скици што таа ги направила на десет години кога посетувала детски курс за дизајнери. На повикот одговориле многумина српски дизајнери, а два фустана биле направени од модниот гигант „Диор“.

    Во секој цртеж имаше радост и убавина. Таа имала многу сериозен пристап“, изјави модниот креатор Бата Спасојевиќ.

    Другата сестра на Ангелина, Марија, носеше елегантен розов фустан без ракави.

    Розова ѝ беше омилената боја. Имам чувство дека Ангелина вечерва е со нас тука и е среќна со ова што го правиме“, рече Марија.

    Покрај сестрите на Ангелина, како манекенки настапија и девет нејзини другарки и неколку професионални модели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира