ЕГИПЕТ ОДРЖА ПАРАДА НА МУМИИ И ПРЕСЕЛИ СВОИ ЛЕГЕНДАРНИ ВЛАДЕТЕЛИ ВО НОВ МУЗЕЈ

    ЕГИПЕТ ОДРЖА ПАРАДА НА МУМИИ И ПРЕСЕЛИ СВОИ ЛЕГЕНДАРНИ ВЛАДЕТЕЛИ ВО НОВ МУЗЕЈПроцесијата ги вклучи мумиите на 18-мина кралеви и четири кралици (Фото: ЕПА)

    Египќаните сведочеа на историска процесија на нивните древни владетели низ Каиро, откако дваесетина мумии беа преселени на нова локација.

    Во раскошниот спектакл вреден неколку милиони долари, остатоците од 18-мина кралеви и четири кралици беа префрлени од неокласичниот Египетски музеј во нивното ново почивалиште пет километри подалеку. Со статус на национално богатство, овие мумии отсега ќе бидат изложени во новиот Музеј на египетската цивилизација.

    Раскошниот спектакл чинеше неколку милиони долари (Фото: АФП)

    Тие беа транспортирани по хронолошки редослед на нивното владеење, од Секененре Таа Втори до Рамзес Деветти, кој владеел во 12. век пред нашата ера.

    Една од главните атракции на настанот беше мумијата на Рамзес Втори, најпознатиот фараон од Новото Кралство, кој владеел 67 години и го потпишал првиот познат мировен договор. Меѓу преселените мумии беше и онаа на кралицата Хатшепсут, која станала владетелка во времето кога тоа било невообичаено за жени.

    Мумиите на фараоните беа транспортирани по хронолошки редослед на нивното владеење (Фото: Ројтерс)

    Овие мумии беа откриени меѓу 1881 и 1898 година во урнатините на Теба, древниот главен град на Египет, што е денешен Луксор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира