ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА И ПРИНЦОТ ФИЛИП СЛАВАТ 70 ГОДИНИ БРАК

    ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА И ПРИНЦОТ ФИЛИП СЛАВАТ 70 ГОДИНИ БРАКСе запознале во 1934 година, а се венчаа шест години пред таа да стане кралица. - Елизабета Втора и принцот Филип (Фото: АП)

    Кога 21-годишната принцеза Елизабета се омажи со пет години повозрасниот офицер Филип Маунтбатен во Вестминстерската црква на 20 ноември 1947 година, тоа предизвика радост низ целата земја, која сѐ уште заздравуваше од Втората светска војна.

    Седум децении подоцна, двојката која стана кралица Елизабета Втора (91) и принц Филип (96) сѐ уште добро се држи и активно учествува во јавниот живот на Велика Британија.

    Иако денеска одбележуваат 70 години брак, официјални лица велат дека јубилејот ќе го прослават во кругот на семејството и без јавни настани. Според информациите, кралското семејство ќе се собере во замокот Виндзор по овој повод.

    Елизабета Втора е првиот британски монарх која прославува платинеста годишнина од бракот

    Елизабета Втора е првиот британски монарх која прославува платинеста годишнина од бракот.

    Таа го запознала офицерот на морнарицата и син на принцот Ендрју на Грција на свадбата на негов роднина во 1934 година. Свадба направија на 20 ноември 1947 година, шест години пред таа да биде крунисана за кралица.

    Во децениите што следеа, принцот Филип, кој е носител на титулата војвода од Единбург, го помина целиот брак како поддршка на својата сопруга во функциите што таа ги извршуваше. Тој се откажа од сите должности во почетокот на оваа година.

    Кралската двојка има четири деца, осум внуци и пет правнуци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира