ЕМИРОТ ОД КАТАР МУ ПОДАРИ ВИП АВИОН ОД 400 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ЕРДОГАН

    ЕМИРОТ ОД КАТАР МУ ПОДАРИ ВИП АВИОН ОД 400 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ЕРДОГАНТурската опозиција го нарече авионот со седум спални и две сали за состаноци- летечка палата

    Емирот од Катар Шеик Тамин бин Хамад ал-Тани му подари луксузен „боинг 747-8“ на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објави турската државна телевизија ТРТ. ВИП „боингот 747-8“ пристигна во Истанбул пред неколку дена. Пристигнувањето на скапото возило  предизвика критики од заменикот на најголемата турска опозициска партија, Републиканска партија на народот Гамзе Ташчер, кој го спореди авионот од 400 милиони долари, со седум спални и две сали за состаноци со „летечка палата“.

    Авионот пристигна набрзо откако зетот на Ердоган и министер за финансии Берат Албајрак објави мерки за штедење кои се однесуваат на огромниот список на возила кои смеат да бидат користени од државни службеници.

    „Боингот 747-8“ има сали за состаноци

    „Боингот 747-8“ е дел од флотата со уште 11 државни авиони и 3 хеликоптери. Еден од тие авиони, „ербас А340 ВИП“, преходно беше во сопственост на тунискиот диктатор Зине Ел Абидине Бен Али, а кој Турција го купи за 78 милиони долари во 2016.

    Турскиот сајт „Кокпит.аеро“ објави дека катарскиот шеик го подарил авионот во знак на неговата „љубов и доверба во Турција“, откако Ердоган се заинтересирал за авионот, кој беше даден на продажба откако беше донесен во Катар во 2015.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари