ЕУ ОДОБРИ БАЕР ДА ГО ПРЕЗЕМЕ МОНСАНТО, НО ПОД СТРОГИ УСЛОВИ

    ЕУ ОДОБРИ БАЕР ДА ГО ПРЕЗЕМЕ МОНСАНТО, НО ПОД СТРОГИ УСЛОВИ„Зеленото светло кое го даде ЕУ за спојувањето е под услови кои ќе обезбедат eфективна конкуренција и иновација на пазарите на семиња, пестициди и дигитално земјоделство“, кажа Маргарет Вестагер, европскиот комесар за конкуренција (Фото: АП)

    Спојувањето меѓу германската фармацевтска компанија Баер и американската агрохемиска компанија Монсанто може да продолжи, кажа Европската комисија денес, но само под одредени услови.

    Спојувањето од над 60 милијарди долари, сè уште треба да биде одобрено од американските регулатори, ќе ја создаде најголемата интегрирана компанија за пестициди и семиња.

    „Зеленото светло кое го даде ЕУ за спојувањето е под услови кои ќе обезбедат ефективна конкуренција и иновација на пазарите на семиња, пестициди и дигитално земјоделство“, кажа Маргарет Вестагер, европскиот комесарот за конкуренција.

    Меѓу обврските кои комисијата ги адресираше до Баер е и онаа да ги отстрани постоечките преклопувањата со Монсанто на пазарите за семиња и пестициди.

    ЕУ кажа дека двете компании понудиле над 6 милијарди евра или 7,4 милијарди долари за фирми и други правни лекови со кои ќе се обезбеди фер конкуренција на пазарот.

    Со оглед на меѓународната доминација и концентрираната моќ на пазарот на двете компании, спојувањето е надгледувано од надзорниците за конкуренција насекаде во светот.

    Мегаспојувањето не беше поддржано од екологистите и другите организации за помош. Монсанто долго беше критикуван за неговите генетски изменети производи и употребата на пестициди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира