„ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ ГО ДРЖИ ПРВОТО МЕСТО НА ДОМАШНИОТ ПАЗАР НА НЕЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ

    „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ ГО ДРЖИ ПРВОТО МЕСТО НА ДОМАШНИОТ ПАЗАР НА НЕЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕВо првиот квартал на 2021 компанијата оствари раст на бруто полисирана премија од 6% во споредба со истиот период лани

    „Еуролинк осигурување“ АД Скопје покажа одлични резултати во првиот квартал од годината и ја зазема првата позиција на домашниот пазар на неживотно осигурување со учество од 14,67%. Во првиот квартал, „Еуролинк осигурување“ оствари бруто полисирана премија од 333 милиони денари, што претставува раст од 6% во споредба со истиот период лани, во услови кога растот на пазарот изнесуваше 5%.

    Од формирањето до денес, компанијата има опслужено речиси 600.000 клиенти и има пласирано бројни новитети кои го обликуваат пазарот на осигурување во земјата. Во март 2020 стана дел од реномираната групација „Граве“.

    „Нашата деловна политика се состои од преземање одговорни и одржливи одлуки што носат успех на долг рок. Зад нас е тешка година, но искуството на целиот тим, посветеноста во работата и највисоките стандарди во однос на грижа за клиентите носат солиден и стабилен раст, што нè поставува на врвот на индустријата. Горди сме што граѓаните и компаниите го препознаваат квалитетот што го нудиме. Имајќи предвид дека сè уште владеат услови на несигурност поради пандемијата, нашето внимание и оваа година е целосно насочено кон поддршката на нашите клиенти како нивни силен и сигурен партнер“, вели Марија Томеска, претседателката на Управниот одбор на „Еуролинк осигурување“.

    Во периодот што следи, компанијата планира со нови понуди и услуги дополнително да го збогати осигурителниот пазар кај нас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира