„ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ ЦВРСТО ГО ДРЖИ ВТОРОТО МЕСТО НА ПАЗАРОТ ПО ПРВИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ ОД 2019

    „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ ЦВРСТО ГО ДРЖИ ВТОРОТО МЕСТО НА ПАЗАРОТ ПО ПРВИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ ОД 2019Компанијата е пазарен лидер во незадолжителните класи

    „Еуролинк осигурување“ АД Скопје во првото полугодие од 2019 ја зацврсти втората позиција на пазарот на неживотно осигурување во Македонија, учествувајќи со 13,22%. Бруто полисираната премија за првите шест месеци изнесува 582.871.550 денари, што е пораст од 7% во периодот во кој севкупниот пазар порасна за 5%.

    Компанијата е пазарен лидер во незадолжителните класи: здравствено осигурување со пазарно учество од 46%, осигурување од несреќен случај (23%), осигурување на туристичка помош (17%) и осигурување од општа одговорност (25%).

    Резултатите покажуваат зајакнување и на капиталната позиција, која изнесува 501.882.050 денари, со пораст од 11% во однос на истиот период лани.

    „Еуролинк осигурување“ продолжува со квалитетно намирување на своите обврски кон осигурениците, за што сведочи зголемениот износ на бруто исплатени штети од 199.090.717 денари (пораст од 8%).

    Компанијата има подружници во над 30 градови и 217 вработени, како и повеќе од половина милион задоволни корисници.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари