ФЕЈСБУК СО РАЗГЛЕДНИЦИ ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ СТРАНСКО МЕШАЊЕ ВО ИЗБОРИТЕ ВО САД

    ФЕЈСБУК СО РАЗГЛЕДНИЦИ ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ СТРАНСКО МЕШАЊЕ ВО ИЗБОРИТЕ ВО САДСекој што ќе сака да купи политичка реклама на Фејсбук ќе мора да докаже дека е жител на САД (Фото: АП)

    Во ерата на најсовремени технологии, Фејсбук реши да отиде во минатото, па ќе користи услуги на пошта, за да спречи странско мешање во идни избори во САД.

    Откако било утврдено дека руски агенти огласувале на Фејсбук за да влијаат врз исходот на последните претседателски избори, директората за глобална политика на компанијата Кејти Харбат кажа дека тие во иднина ќе им испраќаат разгледници на потенцијалните купувачи на политички реклами, за да докажат дека се жители на САД. Примачот потоа ќе мора да внесе код на Фејсбук, за да може да продолжи со купувањето на рекламен простор.

    „Овој метод првпат ќе се примени во пресрет на изборите во ноември“, кажа портпаролот на Фејсбук, Енди Стоун.

    Овој план беше објавен само ден откако 13-мина Руси и официјално беа обвинети за мешање во кампањата во 2016 година.

    Фејсбук претходно откри 3.000 реклами поврзани со Русија кои биле објавени на оваа мрежа и на Инстаграм пред и по ноември 2016 година и се верува дека тие биле видени од 150 милиони корисници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира