МАГАЗИНОТ „EUROMONEY“ ЈА ИЗБРА „НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ“ ЗА НАЈДОБРА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА

    МАГАЗИНОТ „EUROMONEY“ ЈА ИЗБРА „НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ“ ЗА НАЈДОБРА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈАГрупацијата НЛБ оваа година се закити со вкупно четири награди

    „НЛБ банка АД Скопје“ е прогласена за најдобра банка во Северна Македонија од страна на финансискиот магазин „Euromoney“, а наградата ѝ беше доделена на посебна церемонија во Лондон.

    Доделувањето на овие награди се базира на различни критериуми, при што освен остварените деловни резултати, предвид се земаат и пазарната позиција, иновативноста, новите услуги, системот на управување и професионалноста на вработените. Процесот на избор трае повеќе од два месецa и во него учествуваат новинари и соработници на магазинот.

    Покрај наградата за „НЛБ банка АД Скопје“, оваа година групацијата НЛБ доби уште три награди: „НЛБ д.д. Љубљана“ е прогласена за најдобра банка во Словенија, а „НЛБ банка Подгорица“ за најдобра банка во Црна Гора, а ја доби и наградата за најдобра трансформација во регионот на Југоисточна Европа.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари