ФИРЕНЦА ГИ ЗАБРАНИ КУТИИТЕ ЗА КЛУЧЕВИ И САМОПРИЈАВУВАЊЕ НА ТУРИСТИТЕ ВО ИЗНАЈМЕНИТЕ СТАНОВИ

    ФИРЕНЦА ГИ ЗАБРАНИ КУТИИТЕ ЗА КЛУЧЕВИ И САМОПРИЈАВУВАЊЕ НА ТУРИСТИТЕ ВО ИЗНАЈМЕНИТЕ СТАНОВИКазни до 400 евра се предвидени за сопствениците кои нема да ја почитуваат одлуката. (Фото: АФП)

    Градската власт на Фиренца им нареди на сопствениците кои ги изнајмуваат имотите да ги отстранат малите кутии со копчиња за самопријавување на туристите до 25 февруари. Градот го презема овој потег како мерка против масовниот туризам.

    Компаниите за изнајмување, како што е „Ербнб“ отворија нова опција, односно кутии за самопријавување за да им заштедат време за сопствениците на имот и туристите, кои повеќе не треба да се состануваат за да ги предадат клучевите и да ги завршат процедурите за пријавување. Сепак, жителите велат дека кутиите се грди и тврдат дека пријавувањето без физичка средба помеѓу гостинот и изнајмувачот претставува безбедносен ризик.

    „Следната недела ќе одиме да провериме каде не се почитува забраната за кутиите, а потоа ќе ги отстраниме“, изјави градоначалничката на Фиренца Сара Фунаро.

    Според одлуката на Градскиот совет, казни до 400 евра се предвидени за сопствениците кои нема да ја почитуваат одлуката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира