ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА ГИ ЗАПЛЕНИЈА ЈАХТИТЕ НА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ СЕЧИН И УСМАНОВ

    ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА ГИ ЗАПЛЕНИЈА ЈАХТИТЕ НА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ СЕЧИН И УСМАНОВВредноста на јахтата на Игор Сечин се проценува на 86 милиони фунти (Фото: Шатерсток)

    Франција ја заплени луксузната мегајахта на рускиот милијардер Игор Сечин, сојузник на Путин и шеф на нафтената компанија „Роснефт“. „Аморе веро“, чија вредност се проценува на 86 милиони фунти, е запленета во пристаништето Ла Сиотат, во близина на Марсеј, кажа францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер.

    „Јахтата е регистрирана на компанија во која Сечин е мнозински сопственик“, изјави Ле Мер.

    Сечин, кој е претседател на „Роснефт“ од 2004, важи за еден од најмоќните луѓе во Русија, при што беше вицепремиер од 2008 до 2012. Тој се најде меѓу руските олигарси за кои Европската Унија изрече санкции во вторникот.

    Меѓу нив е и бившиот сопственик на фудбалскиот клуб Арсенал, Алишер Усманов, чија јахта од 437 милиони фунти беше запленета од германските власти во Хамбург. „Дилбар“, што Усманов ја нарача во 2016, располага со најголемиот базен на светот инсталиран на јахта, два хелиодрома и 12 апартмани.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира