ПОЧИНА МУЗИЧКАТА ИКОНА ЏОНИ ХАЛИДЕЈ

    ПОЧИНА МУЗИЧКАТА ИКОНА ЏОНИ ХАЛИДЕЈЏони Халидеј е еден од најпродаваните музичари на сите времиња, иако неговиот ѕвезден статус беше ограничен главно на земјите со француско говорно подрачје (Фото: АП)

    Џони Халидеј, најголемата француска рок ѕвезда и музичка икона која со децении полнеше стадиони и концертни сали, почина на 74-годишна возраст од рак на белите дробови.

    По повод неговата смрт, францускиот претседател Емануел Макрон го опиша Халидеј како „човек кој донесе дел од Америка во нашиот национален пантеон“.

    Халидеј продаде над 110 милиони албуми во текот на кариерата, иако неговиот ѕвезден статус беше ограничен главно на земјите со француско говорно подрачје. Во самата Франција, тој беше институција, француски Елвис Присли.

    Халидеј одработи 181 турнеја и сними 18 платинести албуми и е еден од најпродаваните музичари на сите времиња.

    „Цела земја е во жалост во моментов. Сите имаме по нешто од Џони Халидеј во самите нас. Тој беше толку искрен и автентичен, што успеа да го одржи пламенот што го запали во срцата на публиката“, изјави Макрон.

    Со имиџ на Елвис на сцената, тој се инспирираше од Чак Бери и Бади Холи, настапуваше со Џими Хендрикс и дури сними албум во главниот град на кантри музиката, Нешвил. Иако со нефранцуско име, тој беше едно од најпрепознатливите лица и гласови во Франција, каде што сите го викаа само Џони со благ француски акцент.

    „За сите нас, тој беше нешто лично. Сеќавања, убави моменти, музика и песни“, кажа бившиот француски претседател Никола Саркози.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира