Француска компанија е прогласена за одговорна за смртта на својот вработен кој претрпил срцев удар за време на секс додека бил на службен пат.
Суд во Париз пресуди дека смртта била несреќа на работно место и дека семејството на починатиот треба да добие компензација. Компанијата тврдеше дека тој не бил на должност кога примил гостинка во своја хотелска соба.
„Според француски закони, работодавецот сноси одговорност за секоја несреќа што ќе се случи за време на деловно патување“, изјави судијата.
Починатиот работел како инженер за железничка компанија од Париз. Тој починал во хотелска соба во централна Франција во 2013 година како резултат на она што работодавецот го нарече „вонбрачен сексуален однос со странец“.
Компанијата се бранеше дека „сексуалната активност е нешто нормално, како туширање или јадење“, но судијата изјави дека таа мора да им обезбедува социјална заштита на своите вработени цело време додека се на службен пат.