ФРАНЦУСКАТА ПОЛИЦИЈА ОТКРИ МЕЃУНАРОДНА БАНДА НА КРАДЦИ НА „ЛЕГО“ КОЦКИ

    ФРАНЦУСКАТА ПОЛИЦИЈА ОТКРИ МЕЃУНАРОДНА БАНДА НА КРАДЦИ НА „ЛЕГО“ КОЦКИЕкспертите велат дека можеби постои и црн пазар за „лего“ коцки (Фото: Гети)

    Француската полиција објави дека истражува меѓународна банда на крадци на играчки со посебен афинитет кон „лего“ коцките и ги предупреди специјализираните продавници и родителите да бидат свесни за ова.

    Ова следува откако три лица, жена и двајца мажи, биле фатени додека краделе кутии со „лего“ коцки во продавница за играчки во близина на Париз. На испитувањето, тие признале дека се дел од тим специјализиран за крадење на „лего“ комплети барани од колекционери. Тројцата крадци биле полски државјани.

    „‘Лего‘ заедницата не е составена само од деца. Има голем број возрасни кои се играат со коцките. Постојат и размени и продажби на интернет. Има и луѓе кои се пожалиле дека им упаднале дома само за да им украдат ‘лего‘ коцки“, изјавија истражителите.

    Ова не се случувало само во Европа. Кражбите на „лего“ се забележани и во САД, Канада и Австралија. Во 2005 година, полицијата на Сан Диего уапсила група жени со „лего“ коцки во вредност од 200.000 долари.

    „Тешко е да се докаже дали навистина постои црн пазар за ‘лего‘, но има голем број колекционери на кои им недостига одреден комплет и подготвени се да платат многу пари за тоа“, вели Гербен фан Ајкен, специјалист за „Лего“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира