ГАК И БОЛНИЦАТА „МАЈКА ТЕРЕЗА“ ВО ЧАИР ДОБИЈА СТОЛИЦИ ЗА КЕНГУРСКА НЕГА ЗА ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНИТЕ БЕБИЊА, ДОНАЦИЈА ОД СТОПАНСКА БАНКА

    ГАК И БОЛНИЦАТА „МАЈКА ТЕРЕЗА“ ВО ЧАИР ДОБИЈА СТОЛИЦИ ЗА КЕНГУРСКА НЕГА ЗА ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНИТЕ БЕБИЊА, ДОНАЦИЈА ОД СТОПАНСКА БАНКАНа барање на клиниките, Стопанска банка донираше т.н. столици за кенгурирање кои се наменети за подобрување на примарната грижа на предвреме родените бебиња кои престојуваат подолг период на клиниките. (Фото: Архива на СДК.МК)

    Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) и Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир добија донација од Стопанска банка АД-Скопје, која одлучи дел од средствата наменети за новогодишна репрезентација и подароци за вработените, партнерите и соработниците, да ги пренамени за двете најголеми државни гинеколошки клиники.

    На барање на клиниките, Стопанска банка донираше т. н. столици за кенгурирање кои се наменети за подобрување на примарната грижа на предвреме родените бебиња кои престојуваат подолг период на клиниките. Овие столици се користат за таканаречена кенгурска нега на мајката, техника на згрижување на новороденчето преку директен контакт со кожата на еден од родителите додека престојува во болница. На тој начин новороденчето добива физиолошка и психолошка топлина и поврзување, при што искуствата покажуваат дека кенгурирањето полесно ја регулира телесната температура на новороденчето отколку инкубаторот.

    „ Сакаме новата година да ја започнеме со добра и позитивна мисла дека сме направиле нешто значајно за целата заедница, со надеж дека годината ќе донесе многу насмевки и ведрина. Оваа донација е наш влог во иднината, наш придонес за идните генерации и наша поддршка за семејствата на предвремено родените дечиња. Среќни сме што може да придонесеме за уште подобра нега на најкревките членови на заедницата и тоа во првите моменти од нивното раѓање, чекор кој е многу значаен во нивниот натамошен напредок“, велат од Стопанска банка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира