Годинешните младенци на 44. Галичка свадба Тања Чалоска и Бошко Лепчески беа во посета на Пивара Скопје, каде се запознаа со процесот на производство на пиво. Постапка за производство на овој пијалок им ја објасни еден од најискусните пивски мајстори во ргионот Кирчо Стојанов, кој е директор за производство на пиво во Пивара Скопје, а начинот на производство на безалкохолните пијалоци им ја објасни Горан Стојковски. Галичките младенците добија и уникатни обележја „Амбасадор на Пивара Скопје“
„Пивара Скопје им препорачува на сите оние кои викендов ќе одат во Галичник, да возат безбедно, да не возат ако пијат и да консумираат алкохол одговорно“, велат од скопската пивара.