ГЕНЕРАЦИЈАТА 3 Е СПОСОБНА, ЉУБОПИТНА, ИМА ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА И Е НЕЛОЈАЛНА НА ФИРМАТА

    ГЕНЕРАЦИЈАТА 3 Е СПОСОБНА, ЉУБОПИТНА, ИМА ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА И Е НЕЛОЈАЛНА НА ФИРМАТАОсвен што мигрираат од работно место на работно место, Генерацијата З од работодавците бара бенефиции и флексибилно работно време. (Фото: Котонбро студио)

    Младите професионалци од Генерацијата З се стручни, но и многу поразлични од постарите – си бараат погодности на работа и не се стеснуваат да бараат подобри понуди од други фирми, покажа истражувањето на бизнис мрежата „Ксинг“.

    „Таа генерација не доаѓа на работа со идеја да остане таму долго време“, вели Јулиан Штал, експерт од „Ксинг“.

    За потребите на истражувањето беше направена анкета на илјадници вработени во врска со професионалните планови и задоволството на работното место.

    „Во бизнис круговите, вработените од Генерација З веќе важат за најмалку лојални работници кога било“, додаде Штал.

    Освен што мигрираат од работно место на работно место, тие од работодавците бараат бенефиции и флексибилно работно време. Понатаму, сакаат да работат од дома, како и можност за неплатено отсуство. Унапредувањето, пак, не им е толку важно како на постарите.

    Поради тоа, фирмите се соочуваат со сè поголеми предизвици да ги задржат работниците.

    „Генерациите кои што доаѓаат сè повеќе го одредуваат тонот на пазарот на трудот, иако истовремено се ‘дефицитарна роба’“, вели Штал.

    „Работодавачот кој не размислува за бенефиции, како работа од дома, од одмор или неплатен одмор, нема да успее да привлече работници од новата генерација“, објаснува Штал.

    Според истражувањето, половина од Генерацијата З кажала дека во потрага по нов работодавач ги мотивира платата, а за отказ се подготвени 27 отсто од испитаниците ако не се задоволни од управата на фирмата. Она што е тешко сфатливо за постарите генерации, 38 отсто од младите би го промениле работното место од љубопитност.

    За Генерација З се сметаат родените помеѓу 1995 и 2010 година.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира