Германското Министерство за надворешни работи заедно со издавачот „Ауфбау верлаг“ организираат проект за е-книги за млади автори, од 6 до 19 години од целиот свет. Годинава темата е „Јас имам сон“ (I Have a Dream), a заинтересираните може да учествуваат со текст до 3.000 карактери на германски или англиски јазик.
„Сакам да повикам на што поголемо учество на млади лица од Северна Македонија, и којзнае, можеби оваа година еден од македонските автори ќе присуствува на свеченото доделување на наградите во Берлин“, вели Катрин Фринсфелд, аташе за култура во Германската амбасада во Скопје.
Во пропозициите на проектот, меѓу другото стои дека може да се пишуваат кратки раскази, есеи, поеми и песни, најмногу до 3.000 карактери. Крајниот рок за аплицирање е 1 јули.
Информациите за проектот се достапни на следниов линк.