ГЕРМАНИЈА ВРАТИ УКРАДЕНА СЛИКА ОД НАЦИСТИТЕ НА ЕВРЕЈСКО СЕМЕЈСТВО ОД ФРАНЦИЈА

    ГЕРМАНИЈА ВРАТИ УКРАДЕНА СЛИКА ОД НАЦИСТИТЕ НА ЕВРЕЈСКО СЕМЕЈСТВО ОД ФРАНЦИЈАМарија де лас Мерседес Естрада, една од наследниците на францускиот политичар Жорж Мандел, со германската министерка за култура Моника Грутерс на враќањето на сликата од Томас Котур (Фото: АП)

    Германија врати слика украдена од нацистите на наследниците на еврејски француски политичар и значајна фигура на отпорот, кој беше убиен за време на Втората светска војна.

    „Портрет на седната млада жена“ од Томас Котур која му припаѓала на Жорж Мандел била пронајдена во депото на починатиот колекционер Корнелиј Гурлит, за време на даночна истрага на германските власти во 2012 година.

    Баварскиот колекционер наследил голем дел од колекцијата со 1.500 дела од неговиот татко, Хилдебранд Гурлит, уметнички дилер кој тргувал со дела конфискувани од нацистите. За голем број од делата се верува дека биле украдени од еврејските сопственици, но истражната постапка оди бавно и само неколку од нив се вратени.

    Министерката за култура Моника Грутерс, на враќањето на сликата на роднините на Мандел вети дека ќе направат сѐ што е можно за да им ги вратат украдените уметнички дела на вистинските сопственици.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира