ГЕРМАНКА ГРАДИ РАМПИ ЗА ИНВАЛИДСКИ КОЛИЧКИ ОД ЛЕГО КОЦКИ

    ГЕРМАНКА ГРАДИ РАМПИ ЗА ИНВАЛИДСКИ КОЛИЧКИ ОД ЛЕГО КОЦКИРампите на Рита Ебел сега стојат на на влезот во десетици продавници во Ханау. (Фото: Ројтерс)

    Често соочувајќи се со проблеми во пристапот кон продавници и кафулиња, Германката Рита Ебел посегнала по забавно решение – рампи од лего коцки.

    Шеесет и двегодишната Ебел е во инвалидска количка откако пред 25 години доживеала сообраќајна несреќа.

    „Секој како мене наеднаш може да се најде во ситуација да биде во инвалидска количка. Ова е мој обид да го направам светот послободен од бариери“, вели Ебел.

    Компанијата „Лего“ ѝ донира коцки на Ебел (Фото: Ројтерс)

    Таа ја изградила првата рампа пред една година, а денес можат да се најдат на влезот во десетици локални продавници. Со помош на својот сопруг, Ебел дневно поминува два-три часа во градењето на рампи што ѝ ги нарачуваат и секоја од нив се состои од стотици мали пластични коцки, кои ги зацврстува со лепак.

    „Никој не поминува преку лего рампа без да застане и да ја погледне. Има деца кои се обидуваат да ги растурат коцките“, додаде Ебел.

    Идејата на Ебел почна да се шири и надвор од нејзиниот град Ханау и Германија. Таа веќе испратила инструкции за градење во Австрија и Швајцарија, а интерес има и од Шпанија и од училишта во САД.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира