ГЕРМАНСКИ ПАРЛАМЕНТАРЕЦ ГО НАРЕЧЕ СИНОТ НА БОРИС БЕКЕР МАЛ ПОЛУЦРНЕЦ

    ГЕРМАНСКИ ПАРЛАМЕНТАРЕЦ ГО НАРЕЧЕ СИНОТ НА БОРИС БЕКЕР МАЛ ПОЛУЦРНЕЦПовика светот конечно да се крене против расизмот. - Борис Бекер со синот Ноа (Фото: Гети)

    Тениската легенда Борис Бекер повика да се засили борбата против расизмот, откако член на екстремната десница во германскиот парламент го опиша неговиот син Ноа како „мал полуцрнец“ на Твитер.

    „Време е да се кренеме и да излеземе на улица. Овдека и низ целиот свет. Расизмот веќе не смее да се толерира. Никој не се казнува за тоа и на крај се премолчува“, напиша Бекер во колумната за весникот „Велт ам зонтаг“.

    Јенс Мајер, пратеник од редовите на десничарската Алтернатива за Германија, го нападна 23-годишниот Ноа по едно негово интервју, во коешто тој се пожали дека еднаш бил нападнат во Берлин поради бојата на кожата.

    „Се чини дека малиот полуцрнец добива премалку внимание, тоа е единственото објаснување за неговото однесување“, напиша Мајер, за подоцна да го избрише твитот.

    Мајката на Ноа Бекер, кој најави дека ќе го тужи Мајер, има афроамерикански татко, додека мајка ѝ е Германка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира