ГЕРМАНЦИТЕ ОСТАВААТ ПИСМА ЗА ЗБОГУМ ВО КОВЧЕЗИТЕ НА БЛИСКИТЕ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19

    ГЕРМАНЦИТЕ ОСТАВААТ ПИСМА ЗА ЗБОГУМ ВО КОВЧЕЗИТЕ НА БЛИСКИТЕ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19Погребните ритуали се одржуваат во најтесните семејни кругови. (Фото: „Фајненшл тајмс“)

    Писма во мртовечки ковчег е нов начин на интимно збогување во болниците во Германија, со оглед на тоа дека семејствата не може да се простат со починатите од ковид-19. Поради рестрикциите и мерките за заштита, и погребните ритуали се одржуваат во најтесните семејни кругови.

    „Сега е многу потешко да се посети пациент кој е на смртна постела. Строги се болничките правила и семејствата не може да ги посетат саканите. Затоа, луѓето почнаа да изнаоѓаат нови начини“, вели Јан Молерс, директор на погребална фирма од Берлин.

    Семејствата често ќе замолат некого од медицинскиот персонал да доближи телефон до нивниот член, за да може за последен пат да поразговараат со него.

    „Ние препорачуваме луѓето да пишуваат писма, кои може или да им бидат прочитани в болница, или пак подоцна да бидат ставени во ковчегот или урната за кремирање“, вели авторката и советничка за справување со тага Мечтилд Шротер-Рупиепер.

    „Не можев да присуствувам на погреб на пријател, и со друштвото се договоривме во исто време сите да пуштиме една песна. Почувствував длабоки интимни чувства“, вели Молерс.

    „Прегратката е незаменлива, но мора да бидеме креативни во вакви времиња. Наместо да прегрнете некого, напишете му колку сакате да го утешите и дека му праќате големи прегратки“, додава Шротер-Рупиепер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира