ПЕЈАЧОТ ЃОРЃЕ БАЛАШЕВИЌ ИМАЛ СРЦЕВ УДАР

    ПЕЈАЧОТ ЃОРЃЕ БАЛАШЕВИЌ ИМАЛ СРЦЕВ УДАРСемејството на Балашевиќ објави дека тој не е животно загрозен (Фото: РАС Србија)

    Популарниот пејач Ѓорѓе Балашевиќ се наоѓа во болница откако имал срцев удар, објавија српските медиуми. Оваа вест уследи откако неговата ќерка на Фејсбук напиша дека Балашевиќ го откажал вечерашниот концерт во Крагуевац поради здравствени проблеми, додавајќи дека ќе биде добро.

    Весникот „Блиц“ објави дека 66-годишниот Балашевиќ бил примен на Институтот за кардиоваскуларни болести во Сремска Каменица, каде што му биле вградени стентови. Тој сега се чувствувал добро и ќе биде пуштен на домашно лекување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира