ГРЕШНАТА ВЕСТ НЕ Е ЛАЖНА ВЕСТ, НАМЕНСКАТА НЕВИСТИНА Е ЛАЖНА ВЕСТ

    ГРЕШНАТА ВЕСТ НЕ Е ЛАЖНА ВЕСТ, НАМЕНСКАТА НЕВИСТИНА Е ЛАЖНА ВЕСТСе обидуваме да понудиме амбициозно новинарство, а во исто време да постигнеме брзо развивање на дигитализацијата - Извршниот уредник на Вашингтон пост Мартин Барон

    Бизнис моделите на новите медиуми, иновациите во нив и борбата со лажните вести се главните теми на Самитот на Глобалната мрежа на уредници што се одржува во Виена.

    Извршниот уредник на Вашингтон пост Мартин Барон раскажа како со сопственикот Џеф Безо се обидуваат да понудат амбициозно новинарство, а во исто време да постигнат брзо развивање на дигитализацијата.

    „Ова се прави за да се зачува и да врати довербата во медиумските куќи“, рече Барон кој се осврна на спорот на „Вашингтон пост“ со претседателот Трамп и неговата администрација, која, како шо рече тој „поттикнува недоверба во медиумите кај луѓето, вклучувајќи ги и самите политичари“.

    „Тешко не е исто што и невозможно.Испративме човек на месечина, пред да ставиме тркала на куферите. Нашата индустрија треба да размислува за тие тркала. Не сметам дека погрешните вести се лажни вести, туку дека наменската невистина е лажна вест“, рече Барон на Самитот на уредниците во Виена.

    Годинашниот Самит во Виена на едно место собра 750 главни уредници и медиумски иноватори од 70 земји во светот.

    Г.М.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира