ГРЕТА ТУНБЕРГ СТАНА НАЈМЛАДА ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТА ВО ИЗБОРОТ НА МАГАЗИНОТ „ТАЈМ“

    ГРЕТА ТУНБЕРГ СТАНА НАЈМЛАДА ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТА ВО ИЗБОРОТ НА МАГАЗИНОТ „ТАЈМ“Милиони луѓе оваа година се придружија на протестите што ги почна Тунберг (Фото: АП)

    Магазинот „Тајм“ ја прогласи Грета Тунберг за Личност на годината откако таа инспирираше глобално движење против климатски промени. Шеснаесетгодишната Швеѓанка е најмладата личност која се закитила со оваа титула откако магазинот ја почна традицијата во 1927 година.

    „Следната деценија ќе ја дефинира иднината на планетата“, кажа Тунберг на конференцијата за климата во Мадрид и повторно ги искритикува светските лидери.

    „Престанете да користите креативен пи-ар за да избегнете вистинска акција“.

    Пред една година, Тунберг секој петок почна да протестира пред зградата на шведскиот парламент, што ќе прерасне во глобално движење на кое му се придружија милиони млади. Таа дури беше еден од фаворитите за Нобелова награда за мир.

    „Ова е неверојатно. Ја делам оваа голема чест со сите од движењето #FridaysForFuture и со сите климатски активисти“, кажа Тунберг по повод признанието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира