ХАРИ И МЕГАН ЈА ДОБИЈА ЌЕРКАТА ЛИЛИБЕТ ДИЈАНА

    ХАРИ И МЕГАН ЈА ДОБИЈА ЌЕРКАТА ЛИЛИБЕТ ДИЈАНАХари и Меган го крстија бебето по прекарот на кралицата (Фото: Ројтерс)

    Принцот Хари и Меган Маркл објавија дека добија ќерка, што е нивно второ дете. Лилибет Дијана Маунтбатен Виндзор е родена во петокот во болницата во Санта Барбара.

    „И мајката и бебето се добро“, соопшти двојката, додавајќи дека Лилибет е крстена по прекарот на кралицата Елизабета Втора, нејзината прабаба.

    Второто име е посвета на мајката на Хари, принцезата Дијана.

    Хари и Меган се венчаа во 2018 година, а во мај следната година им се роди синот Арчи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира