ХОЛАНДИЈА ИЗВЕЗУВА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ЗАШТИТА ОД ПОПЛАВИ

    ХОЛАНДИЈА ИЗВЕЗУВА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ЗАШТИТА ОД ПОПЛАВИЗаштитниот ѕид долг 300 метри се сокрива во тротоарот кога не е во употреба, а во случај на поплавување се подигнува за 80 сантиметри од истата вода која ја создава поплавата.(Фото:АП)

    Деновиве холандското градтче Спакенбург, кое што пред еден век беше драстично оштетено од поплава, е заштитено со нова иновативна брана покрај езерото Емер, 50 километри југоисточно од Амстердам.

    Заштитниот ѕид долг 300 метри се повлекува во тротоарот кога не е во употреба, а во случај на поплавување се подигнува за 80 сантиметри од истата вода која што ја предизвикува поплавата.

    Ова е еден од најновите примери на холандската генијалност во постојаната битка со водата, а истовремено ваквата технологија станува сè поуспешна за холандскиот извоз.

    „Живееме во многу ранливо место“, вели Роланд Хилен, директор на Холандската програма за заштита од поплави. „Мораме да се прилагодиме ако сакаме да преживееме“.

    Пораката е слична со многу други држави како Холандија со ниска надморска височина кои што учествуваат во разговорот за климатските промени во Бон, каде што претставници 0д 195 држави се собрани за да дискутираат за правилата за спроведување на парискиот договор за климатски промени.

    „Влијанието на климатските промени низ целиот свет најмногу го почувствуваме преку водата“, рече Хенк Овинк, специјалниот претставник на Холандија за меѓународни води на конференцијата во Бон.

    Холандската влада годишно резервира една милијарда евра за да се одбрани против поплавите. Парите се трошат за одржување и зајакнување на браните и на други мерки за попречување на водата. До 2050 година, земјата има за цел да изгради околу 1.900 километри брани.

    Годишниот извоз на холандската технологија за вода двојно се зголеми од 2000 година на нешто помалку од 8 милијарди евра годишно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира