ХОЛАНЃАНИТЕ СЕ НАЈВИСОКИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ, НО СЕ СНИЖУВААТ

    ХОЛАНЃАНИТЕ СЕ НАЈВИСОКИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ, НО СЕ СНИЖУВААТХоланѓаните денес се за еден сантиметар пониски од претходната генерација (Фото: ЕПА)

    Холандскиот завод за статистика со задоволство потврди дека мажите и жените од Холандија остануваат највисоките луѓе на планетата. Но, владините статистичари пријавија и мал пресврт: Холанѓаните се снижуваат.

    Во последните шест децении, Холанѓаните постојано гордо се наоѓаат на врвот на светската листа според висината. Најновите податоци покажуваат дека просечен 19-годишник има висина од 182,9 сантиметри, а жените родени истата година имале 169,3 сантиметри.

    Испитувањето кое опфати 719.000 луѓе од 19 до 60 години покажало дека холандските мажи родени во 2001 просечно се пониски за еден сантиметар од генерацијата родена во 1980, а жените за 1,4 сантиметри. Натамошните анализи покажале дека тоа не се должи само на луѓето кои се доселуваат од други земји.

    „Снижувањето делумно е поврзано со зголемената имиграција на пониски народи во Холандија. Но, растот стагнирал и во генерации во кои двајцата родители биле родени во Холандија, дури и во генерации во кои бабите и дедовците биле родени во Холандија“, велат владините статистичари.

    Научниците побрзаа да дадат можни објаснувања, а едно од нив е нездравата брза храна. Сличен тренд кој се поврзува со зголемената консумација на нездрава храна е забележан во САД.

    „Исхраната се промени и таа во изминатите години содржи помалку хранливи состојки важни за растот. Се верува дека ова е причината зошто Американците се снижуваат. Снижувањето во висина може да се должи и на тоа што многу луѓе исфрлија животински продукти од нивната исхрана, но сè уште нема докази за тоа“, вели Герт Стулп од Универзитетот во Гронинген.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира