ХРИСТИЈАНСКИТЕ МОЗАИЦИ ВО АЈА СОФИЈА ЌЕ СЕ ПОКРИВААТ ЗА ВРЕМЕ НА МОЛИТВИТЕ НА МУСЛИМАНИТЕ

    ХРИСТИЈАНСКИТЕ МОЗАИЦИ ВО АЈА СОФИЈА ЌЕ СЕ ПОКРИВААТ ЗА ВРЕМЕ НА МОЛИТВИТЕ НА МУСЛИМАНИТЕТурскиот суд на 10 јули го прифати барањето на претседателот Реџеп Таип Ердоган и го поништи статусот на музеј на Аја Софија во Истанбул, една од најатрактивните светски туристички дестинации, која датира од 6. век, и дозволи да стане џамија. (Фото: Ројтерс)

    Христијанските мозаци во Аја Софија во Истанбул ќе бидат покриени со завеси за време на муслиманските молитиви кои ќе почнат од петок, изјави портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин. Турскиот суд на 10 јули го прифати барањето на претседателот Реџеп Таип Ердоган и го поништи статусот на музеј на Аја Софија во Истанбул, една од најатрактивните светски туристички дестинации, која датира од 6. век и дозволи да стане џамија.

    Калин изјави дека ќе бидат покриени некои од мозаиците на Богородица и Архангел Гаврил кои се поставени во правец на Кибла, кон кој треба да бидат свртени муслиманите во текот на молитвата. Според него, други мозаици со Исус Христос и други христијански симболи не преставуваат пречка за муслиманите бидејќи не се наоѓаат во правец на Кибла, но не одговори дали засекогаш ќе бидат покриени.

    Властите претходно кажаа дека освен за молитивите, Аја Софија ќе остане отворена за посетители и туристи и сите мозаици ќе бидат откриени.

    Аја Софија почнала да се гради во 532 година по наредба на византискиот цар Јустинијан Први и пет години подоцна почнала да функционира како црква. Со својата огромна купола, се верува дека таа била најголемата црква и зграда на светот. По освојувањето на Цариград, отоманскиот султан Мехмед Втори изградил четири минариња и во внатрешноста ги покрил христијанските икони и златни мозаици со панели со арапска верска калиграфија, претворајќи ја во џамија.

    Откако повеќе од 1400 години била верски центар не само на Истанбул, туку и пошироко, Аја Софија стана музеј и најпопуларна туристичка атракција на Турција, што годишно ја посетуваат повеќе од 3,7 милиони луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира