ХРВАТСКИОТ „КРАЛ НА ОСИГУРУВАЊЕТО“ ДУБРАВКО ГРГИЌ ЈА ПРЕДВОДИ ЛИСТАТА НА НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ ВО РЕГИОНОТ, ШТО ПРВПАТ ЈА СОСТАВИ МАГАЗИНОТ „НЕДЕЉНИК“

    ХРВАТСКИОТ „КРАЛ НА ОСИГУРУВАЊЕТО“ ДУБРАВКО ГРГИЌ ЈА ПРЕДВОДИ ЛИСТАТА НА НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ ВО РЕГИОНОТ, ШТО ПРВПАТ ЈА СОСТАВИ МАГАЗИНОТ „НЕДЕЉНИК“Богатството на Гргиќ е проценето на 2,84 милијарди евра (Фото: Пиксел)

    Хрватскиот „крал на осигурувањето“ Дубравко Гргиќ е најбогатиот човек во регионот, според листата што првпат ја состави српскиот магазин „Недељник“. Гргиќ, кој ја предводи групацијата „Аграм“, има богатство од 2,84 милијарди евра, па следуваат српските бизнисмени Миодраг Костиќ и Мирослав Мишковиќ со по 2,77 милијарди евра.

    „Логично е Србија и Хрватска како најголемите држави во регионот да имаат најмногу богати, но меѓу првите десетмина резултатот е 5:5. Србија вкупно има повеќе милијардери, но бруто домашниот производ во Србија е 9.000 евра, наспроти 17.000 евра во Хрватска“, изјави новинарот на „Недељник“, Миша Бркиќ.

    На четвртото место се сопствениците на хрватската телекомуникациска компанија „Инфобип“, Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ (2,5 милијарди евра), а петти е Мате Римац (2,27).

    „Најбогатите компании се регионални деловни групи. Најбогатите луѓе се богати и зашто го проширија своето работење на регионалниот пазар“, додаде Бркиќ.

    „Недељник“ ја состави листата на 100-те најбогати луѓе во регионот во соработка со две реномирани консултантски фирми кои работат на њујоршката берза.

    „Недељник“ заклучува дека листата покажува дека и натаму важи некогашната југословенска поделба на развиени и неразвиени, бидејќи економиите на Црна Гора, БиХ и Македонија се далеку зад оние на Хрватска, Србија и Словенија. Нееднаквоста е најизразена во Црна Гора, каде што имотот на петтемина најбогати вреди 1,7 милијарди евра, што е 35,4% од БДП, додека во Македонија ова изнесува 23,9% од БДП.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира