И ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ ВО ИДНИНА ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19, ВЕЛАТ НАУЧНИЦИТЕ

    И ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ ВО ИДНИНА ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19, ВЕЛАТ НАУЧНИЦИТЕКучиња и мачки можат да фатат коронавирус, но нема докази дека можат да го пренесат на луѓето (Фото: Гети)

    Научниците сметаат дека во иднина и домашните миленици ќе треба да се вакцинираат против ковид-19 за да се спречи ширењето на вирусот.

    Коронавирусот ги погодува и животните и досега се забележани случаи на заразени кучиња, мачки, лавови, тигри, нутрии и горили, но без смртни последици. Научниците од Универзитетот на Источна Англија, институтот Ерлхем во Норич и Универзитетот на Минесота велат дека постојаната еволуција на вирусот во животните откако им бил пренесен од човекот претставува значителен долготраен ризик по јавното здравје.

    „Не е незамисливо дека вакцинирањето на некои домашни животни ќе биде неопходно за да се спречи ширењето на заразата“, се вели во извештајот објавен во стручниот магазин „Вируленс“.

    Минатата година, Данска усмрти неколку милиони нутрии откако се утврди дека стотици случаи на коронавирус во земјата се поврзани со варијанти кои потекнуваат од фарми на овие животни.

    „Кучиња и мачки можат да фатат коронавирус, но нема докази дека можат да го пренесат на луѓето. Но, има смисла да се вакцинираат домашни миленици од претпазливост. Постојат информации дека Русија веќе почнала да развива вакцина за домашни животни“, вели Кок фан Остерхут, професор по еволуциска генетика на Универзитетот на Источна Англија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира