ИНДИЈА ГО ОТВОРИ ПРВИОТ НАЦИОНАЛЕН МУЗЕЈ ЗА ФИЛМ ВО БОЛИВУД

    ИНДИЈА ГО ОТВОРИ ПРВИОТ НАЦИОНАЛЕН МУЗЕЈ ЗА ФИЛМ ВО БОЛИВУДМузејот му покажува на светот што сѐ постигнал индискиот филм за повеќе од 100 години (Фото: АФП)

    Од неми црно-бели филмови до блокбастери со песна и танц, еволуцијата на индискот филм е сместена во нов музеј во Боливуд.

    Првиот национален музеј за филм на Индија, e изграден за 19.6 милиони долари со пари од Владата, во  јужен Мумбај, на местото на стара зграда од 19.век, каде има и ново стаклено крило на пет спрата.

    „Музејот му покажува на надворешниот свет што сѐ постигна индискиот филм за повеќе од 100 години“, вели кустос советникот Амрит Гангар. Во Индија се снимаат по 1.500 филмови годишно, што дури ја надминува и холивудската продукција.

    Во Музејот има артефакти и за филмовите снимени во различни предели и на повеќе јазици низ Индија. (Фото: АФП)

    Во Музејот се поставени разни артефакти, како снимки, апарати, рачно насликани постери како и интерактивни дисплеи каде посетителите ќе може да гледаат извадоци од легендарни филмови.

    Музејот не го слави само Боливуд, туку и филмовите снимени во различни предели и на повеќе јазици низ Индија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира