ИРАК САКА ДА ОЗАКОНИ БРАКОВИ СО ДЕЦА ДО ДЕВЕТ ГОДИНИ

    ИРАК САКА ДА ОЗАКОНИ БРАКОВИ СО ДЕЦА ДО ДЕВЕТ ГОДИНИАко предлогот биде усвоен, тоа ќе биде катастрофа за правата на жените, предупредуваат активистите (Фото: Ројтерс)

    Ирак планира да воведе нов закон, со кој ќе се легализираат бракови со деца до деветгодишна возраст и активистите предупредуваат дека ова ќе значи уназадување на правата на жените за половина век.

    Овој предлог би им овозможил на свештениците од разни муслимански секти да управуваат со брачните договори.

    Изминатиов викенд, граѓански здруженија протестираа против овој закон, а Обединети нации побараа повеќе да се дискутира на оваа тема и правата на жените да бидат целосно признати и заштитени.

    Првата, поекстремна верзија на законот им забрануваше на жените право на развод, родителство и на наследство.

    Некои верски секти во Ирак веруваат дека жената на пророкот Мухамед имала девет години, па затоа велат дека деца на оваа возраст можат да се мажат.

    „Овој предлог е спротивен на меѓународните конвенции и на националниот закон на Ирак. Ако биде усвоен, тоа ќе биде катастрофа за правата на жените, затоа што сектите ќе ги следат своите свештеници“, вели активистот Суад Абу-Дајех.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари