Грчката авиокомпанија „Ејџиан Ерлајнс“ почна масовна потрага по исчезнатото маче Родри, кое исчезна за време на летот од Ханија до Минхен, преку Атина. Инцидентот се случил откако кафезот на Родри бил оштетен за време на летот од Крит. Авиокомпанијата веднаш почнала со потрагата откако дознала дека мачето е исчезнато, координирајќи се со аеродромските власти.
„Безбедноста и здравјето на сите животни кои што патуваат со нас ни се од најголема важност. Длабоко сме загрижени поради исчезнувањето на Родри и правиме сè што е во наша моќ да го лоцираме“, кажа портпарол на „Ејџиан“.
Авиокомпанијата исто така истражува како се оштетил кафезот за да спречи слични инциденти во иднина.
Авиокомпанијата побара од јавноста да се потпира само на информации објавени преку нејзините официјални канали и вели дека понудата за награда од 100 евра која што циркулира на социјалните мрежи е од лажен профил, а не од компанијата.