Вработен во болница во Италија е обвинет дека 15 години не се појавувал на работа, додека за тоа време примал полна плата. Локалните медиуми објавија дека „кралот на отсуствата“ во 2005 година престанал да оди на работа во болницата во јужниот град Катанцаро.
Државната агенција „Анса“ пренесе дека 67-годишниот маж сега е обвинет за измама, изнуда и злоупотреба на службената положба. Тој наводно примил 538.000 евра за периодот додека не одел на работа. Шестмина менаџери на болницата исто така се наоѓаат под истрага во врска со овој случај.
Апсењата се резултат на долга полициска истрага за отсуствата од работа и можни измами во јавниот сектор.
Вработениот бил јавен службеник кој бил примен на работа во болницата во 2005 година. Полицијата вели дека од тој момент престанал да оди на работа.