ИТАЛИЈАНЕЦ ОБВИНЕТ ДЕКА 15 ГОДИНИ НЕ СЕ ПОЈАВИЛ НА РАБОТА, ЗА ТОА ВРЕМЕ ПРИМИЛ 538.000 ЕВРА

    ИТАЛИЈАНЕЦ ОБВИНЕТ ДЕКА 15 ГОДИНИ НЕ СЕ ПОЈАВИЛ НА РАБОТА, ЗА ТОА ВРЕМЕ ПРИМИЛ 538.000 ЕВРАУапсениот бил примен на работа во болницата во јужниот град Катанцаро во 2005 (Фото: Гети)

    Вработен во болница во Италија е обвинет дека 15 години не се појавувал на работа, додека за тоа време примал полна плата. Локалните медиуми објавија дека „кралот на отсуствата“ во 2005 година престанал да оди на работа во болницата во јужниот град Катанцаро.

    Државната агенција „Анса“ пренесе дека 67-годишниот маж сега е обвинет за измама, изнуда и злоупотреба на службената положба. Тој наводно примил 538.000 евра за периодот додека не одел на работа. Шестмина менаџери на болницата исто така се наоѓаат под истрага во врска со овој случај.

    Апсењата се резултат на долга полициска истрага за отсуствата од работа и можни измами во јавниот сектор.

    Вработениот бил јавен службеник кој бил примен на работа во болницата во 2005 година. Полицијата вели дека од тој момент престанал да оди на работа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира