ИТАЛИЈАНСКИ СВЕШТЕНИК БАРА ДА СЕ ВОВЕДЕ ДАНОК ЗА ПРИСТОЈНОСТ ЗА НЕВЕСТИТЕ

    ИТАЛИЈАНСКИ СВЕШТЕНИК БАРА ДА СЕ ВОВЕДЕ ДАНОК ЗА ПРИСТОЈНОСТ ЗА НЕВЕСТИТЕОтецот Кристијано Бобо реагира дека горниот дел од венчаницата станува сѐ поотворен секоја година и дека оние кои откриваат премногу кожа пред олтарот треба да платат повеќе; - Францускиот актер Винсент Касел и манекенката Тина Канакеј неодамна се венчаа на интимна церемонија во Франција (Фото: АФП)

    Италијански свештеник вели дека невестите со разголено деколте треба да платат поголема сума за нивните венчавки, како еден вид данок за пристојност. Отец Кристијано Бобо од Оријаго, во близина на Венеција, рече дека забележал оти горниот дел од венчаницата станува сѐ поотворен секоја година и дека оние кои откриваат премногу кожа пред олтарот треба да платат повеќе пари.

    „Можеме да воведеме одредена цена во насока на тоа да се запази пристојноста на невестите, кои често изгледаат вулгарно, така што оние кои се најмалку облечени, ќе треба да платат повеќе“, изјави тој.

    Отецот додаде дека свадбите сѐ почесто наликуваат на гала настани, отколку на сериозен духовен настан.

    Изјавите на Бобо предизвикаа различни реакции низ Италија, од типот дека со таков данок би се вратиле во 1940-тите години кога имало многу табуа, па сѐ до мислења дека станува збор за разумен  предлог.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира