ЈАПОНСКИ СРЕДНОШКОЛЦИ ГО ПРИКАЖАА БОМБАРДИРАЊЕТО НА ХИРОШИМА ВО ВИРТУЕЛНА РЕАЛНОСТ

    ЈАПОНСКИ СРЕДНОШКОЛЦИ ГО ПРИКАЖАА БОМБАРДИРАЊЕТО НА ХИРОШИМА ВО ВИРТУЕЛНА РЕАЛНОСТЗа да ја пресоздадат Хирошима, учениците ги проучуваа старите фотографии и разгледници и ги интервјуираа преживеаните од бомбардирањето за да ги слушнат нивните искуства и да добијат повратни информации за снимките од ВР

    Сончево летно утро во градот Хирошима, Јапонија. Авион лета високо над глава. Следи блесок светлина, проследено со силна експлозија. Зградите се срамнети со земја и чадот се крева од пожарите.

    Група јапонски средношколци во текот на две години внимателно креираа петминутно искуствo во виртуелна реалност што ги пресоздава сликите и звуците на Хирошима пред, за време и откако САД ја фрлија атомската бомба во градот пред 73 години.

    Со ваквото искуство, да се пренесат луѓето назад во времето до моментот кога еден град бил претворен во пустелија, учениците и нивниот учител се надеваат дека ќе се осигураат дека нешто слично никогаш нема да се повтори.
    На 6 август 1945 година, во бомбардирањето на Хирошима загинаа 140.000 луѓе. Три дена подоцна, втората американска атомска бомба уби 70.000 луѓе во Нагасаки. Јапонија се предаде шест дена по завршувањето на Втората светска војна.

    Носејќи уред за виртуелна реалност, корисниците можат да се прошетаат по реката Мотојасу пред експлозијата и да ги зградите што некогаш стоеле таму

    „Дури и без говор, откако ќе ги видите сликите, ќе разберете”, рече Меи Окада, еден од учениците што работел на проектот во Техничкото училиште во Фукујама, град на околу 95 километри источно од Хирошима. „Тоа дефинитивно е една од заслугите на ова ВР искуство”.

    Носејќи уред за виртуелна реалност, корисниците можат да се прошетаат по реката Мотојасу пред експлозијата и да ги зградите што некогаш стоеле таму. Тие можат да влезат во поштата и во дворот на болницата Шима, каде што остатоци од зградата сега позната како Купола за атомска бомба стојат на бреговите на реката, како сведоштво за она што се случило.

    Учениците, кои се членови  на клубот за истражувачки вештини во Техничкото училиште, се родени повеќе од половина век по бомбардирањето. Јухи Накагава (18) вели дека првично немал голем интерес за она што се случило кога бомбите биле фрлени.

    „Кога ги создадав сликите зградите пред паѓањето на атомската бомба и потоа, навистина почувствував колку може да бидат страшни атомските бомби “, рече тој.

    За да ја пресоздадат Хирошима, учениците ги проучуваа старите фотографии и разгледници и ги интервјуираа преживеаните од бомбардирањето за да ги слушнат нивните искуства и да добијат повратни информации за снимките во ВР. Тие користеа компјутерска графика за да додадат дополнителни детали, како на пример осветлувањето.

    „ Оние кои добро го познаваат градот, ни кажуваат дека тоа е направено многу добро. Тие велат дека е многу носталгично “, рече професорот одговорен за клубот, Кацуши Хасегава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира